Министерството за здравство ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.
Министерството за здравство ги информира граѓаните дека почнувајќи од 12 јули, ќе може да се вакцинира секој граѓанин без разлика дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk
Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk
Министерот за здравство Венко Филипче денеска на работен состанок со директорите на здравствените домови во државата и членови на Националната работна група за Ковид-19 вакцинација, ги утврдуваа насоките за организација на теренска вакцинација којашто треба да започне од следната недела.
Здравствените домови, како што соопшти Министерството за здравство, до петок треба да изготват план и организација за секој ден, време и место на теренската вакцинација.
– Граѓаните кои ќе ја примаат првата доза вакцина на мобилен пункт и ќе се ревакцинираат на терен, информираат од Министерството за здравство.