По денешното разрешување на судијата Горан Бошевски, во скопскиот Кривичен суд од самиот почеток ќе мора се вратат сите судења на кој тој бил дел од судечкиот совет. Таков е и случајот со два предмета на кои работеше згаснатото Специјално јавно обвинителство – „Талир“ и „Траекторија“, па ги презеде редпвното, Јавно обвинителство.
Случајот „Талир“ е за незаконско финансирање на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, а во него се обвинети Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески за злоупотреба на службената положба и овластувања и перење пари, додека Илија Димовски, Леко Ристоски и ВМРО-ДПМНЕ како правен субјект се обвинети само за перење пари.
Предметот „Траекторија е за изградбата на кинеските автопати, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Судењето почна уште пред четири години, а пресуда нема иако процесот беше во самиот завршеток. Освен Груевски, обвинети се поранешните министер Јанакиески и вицепремиер Владимир Пешевски, како и поранешниот директор на Агенцијата за патишта Љупчо Геориевски. Во текот на судскиот процес на Груевски му застаре кривичното дело за кое се гонеше.
И во двата случи повторно ќе се изведуваат докази и вештачења, изведување на аудио – разговорите и сослушување на сведоците, докази кои се предложени дел од обвинителството дел од обвинетите.
Инаку, Бошевски е разрешен поради нестручно и несовесно вршење на судскиската функција. Ова денеска го утврди телото кое именува, унапредува и разрешува судии, Судскиот совет. На Бошевски му е ускратено правото да суди, но има право да се пожали на одлуката на Судскиот совет пред Врховниот суд.
Судскиот совет денеска избра нови претседатели на судови. Со Основниот суд Гостивар ќе шефува Елјеса Алији, Мерсим Марку е избран за претседател на судот во Дебар, Милица Аврамчева Зафирова ќе шефува во судот во Гевгелија, додека Лилјана Додевска е нова претседателка на судот во Свети Николе.