Познатата италијанска ТВ-личност, пејачка, танчерка, актерка и водителка, Рафаела Кара почина на 78-годишна возраст.
Кара глумеше во десетици филмови, меѓу кои и „Von Ryan’s Express“ од 1965 година, со Френк Синатра, комедијата „Scaramouche“, учествуваше во емисиите „Tempo di Danza“, „Il Paroliere“ и „Questo Sconosciuto“ и друго. Таа во 2013. се врати на екраните, како ментор во шоуто за таленти „Гласот на Италија“. Истата година го објави и нејзиниот последен албум „Replay“.