НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најсовремени медицински апарати на располагање за ковид центрите

0
By Ivana on July 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамките на проектот за итно справување со кризата предизвикана од вирусот КОВИД-19 кој е финансиран од страна на заемот од Светска банка, набавени се најсовремени медицински апарати, информираат од Министерството за здравство.

Од таму велат дека во текот на вчерашниот ден започна испораката и инсталација на апаратите и истите се веќе инсталирани во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, Штип, Струмица, Куманово и Гевгелија, а во текот на следните денови ќе бидат опфатени и сите останати установи во согласност со набавката на медицинската опрема.

– Се работи за 17 Ултразвучни уреди и 17 Мобилни рентген апарати кои обезбедуваат современа и модернизирана технологија на располагање на здравствените работници за вршење детекција, дијагноза и третман на пациентите заболени од вирусот, како и за останати заболувања. Иновативните технологии на уредите е предвидено да овозможуваат поголема резолуција, да имаат напредни процесори за пренос и прием на сигнали, како и високочувствително и прецизно дијагностицирање преку ехо системот, велат од министерството.

Сите овие параметри, како што додаваат, значително го подобруваат дијагностичкото искуство. Моторизираниот дигитален систем за снимање на Х-зраци со интелегентна подвижност, како и бионичкиот манипулатор кој создава најширок опсег на покриеност, ги задоволува посакуваните параметри во иновативното клиничко опкружување.

– Постојаното вложување во здравствениот систем, детектирајќи ги потребите на пациентите преку обезбедување на апаратура со врвен квалитет, лесно адаптибилни и преносливи уреди е уште еден показател за остварувањето на нашиот стремеж кон модернизирани, современи и достапни здравствени услуги за сите граѓани на нашата држава. Со поставување на ковид центрите се овозможи двојно зголемување на постојниот болнички капацитет, обезбедени се дополнителни 10.000 м2 кои беа ставени на располагање и дополнителни 624 болнички легла во тек на пандемијата, велат од Министерството за здравство.

Ковид опрема центри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.