НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов го застапува Град Скопје во судскиот процес за уривање на галијата

0
By НОВА ТВ on July 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот Петре Шилегов денеска во Основен суд Скопје 2 го застапуваше Градот Скопје во процесот за уривање на галијата поставена во коритото на реката Вардар, во непосредна близина на хотелот „Холидеј ин“.

Судот за денеска закажа рочиште за да постапува по одлуката на Апелацискиот суд со која се укинува неговата одлука за запирање на уривањето на галијата по жалба на управителот.

Шилегов, како што се наведува во соопштението од Град Скопје, е докажан адвокат, а согласно со Законот, законски застапник на институцијата Град Скопје е градоначалникот и тој има право да го застапува Градот во секоја постапка.

– Сите го превидуваат фактот дека галијата е урбана опрема. Согласно со законските прописи, тоа е еднакво на тераса од кафуле. Градот Скопје може во секое време одобрението за поставување урбана опрема да го раскине, со кој било правен субјект вклучително и со сопственикот на галијата. Дали е тоа повреда на определено право, во смисла на материјална штета е работа на секој субјект, потоа дали ќе го тужи Градот Скопје за штета или не. Овде сега расправаме, на судска расправа, што е за мене апсурдно, за правото на Градот да го раскине договорот, односно да го укине решението за поставување урбана опрема. Замислете ако со секој ресторан или секое кафуле на кое му го одземаме решението завршуваме на суд со судска постапка. Галиите во Вардар не се ништо друго освен урбана опрема. Она што беше мое внимание, е да по моја проценка и по проценка на службите во Градот Скопје го раскинеме договорот со цел евентуалното материјално побарување за штета го осуетиме, зашто се самите виновни зошто е раскинат договорот. Неприкосновено е правото на Град Скопје да го уредува поставувањето на урбана опрема. Според мене, овде разговараме за една по малку апсурдна ситуација, дали ние како Град Скопје на ресторани на кои им издаваме решенија за поставување летни тераси воопшто имаме право да ги укинеме. Мислам дека тоа право судот недоволно добро го ценеше во првостепената постапка. Тоа право на Градот да го укине таквото решение Апелациониот суд добро го утврди, рече градоначалникот Шилегов по судското рочиште.

Во врска со другите галии сместени во коритото на реката Вардар, Шилегов објасни дека Градот Скопје може во секое време да ги раскине тие договори.

– Она на што јас внимавав, а за конкретниот случај беа исполнети и други услови што гарантираат дека евентуалното материјално побарување на сопственикот на галијата ќе биде осуетено, односно нема да можат да го реализираат. Доколку Градот Скопје сака да плати штета, ние може денеска да ги раскинеме сите договори, но јас кажав во една прилика, станува збор за сума од околу 5 милиони евра за трите галии. Овде се создадоа услови за раскинување на договорот на начин што евентуалната тужба за штета нема да биде на штета на Град Скопје, затоа што не беа платени 4 кирии. А, за правото на Град Скопје да ги раскине договорите, тоа е неприкосновено, нагласи Шилегов.

Тој рече дека очекува да се расчистат ваквите правни дилеми што постојат и за галијата кај Пошта и дека очекува набрзо да се рестартира процесот за дислокација и на оваа галија.

– За мене е попаметно да одиме полека, чекор по чекор, за да не предизвикаме материјална штета на Градот. Инаку, ако сакаме да ги платиме, галиите можеме да ги платиме уште денеска, да ги раскинеме договорите и да ги отстраниме од коритото на Вардар. Но, ќе се потрудиме преку правната мудрост да го направиме тоа без да имаме штета. Јас сум должен да се грижам и за јавните материјални средства од Буџетот на Град Скопје. Ако сакавме да му наштетиме на Буџетот, ние можевме еднострано да ги раскинеме договорите и досега да ги платиме. Но, јас не мислам дека нечии лудости од минатото треба да ги плаќаат граѓаните на овој град. Затоа е попаметно, трпеливо, да се создаде правна ситуација во која е извесно и ќе се гарантира дека Градот нема да има материјална штета со отстранување на галиите, категоричен е градоначалникот Шилегов.

Одлуката на Град Скопје за уривање на галијата во Вардар се донесе по основ на извршната клаузула во договорот што го има постигнато Градот Скопје со корисникот на просторот.

Според студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи, пак, во Вардар не треба да се градат насипи, прегради и други објекти, а галиите за третина ја намалиле проточноста на реката.

галија Суд Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.