„Единаесет дена не јадеше, се обидов да ја хранам, беше тука кај мене во куќата. Клепетан остана овде, но не сака да влзе во гнездото, Тој и понатаму мисли дека таа е некаде наоколу, многу ми е тешко. Го имаше тоа скршено крило долго, и ете..Беше и ветеринарот последниве денови, но рече дека нема уште долго да издржи Малена, изјави пензионерот Стјепан Вокиќ за Хрватските медиуми.
,,Остануваме Клепо и јас, ако дојде тој и следната година, јас ќе бидам овде за него“, изјавил Вокиќ.
Љубовната приказна на штрковите Малена и Клепетан од Хрватска, регионалните и светските медиуми ја следат веќе 19 години. Малена, најпознатиот женски штрк од Хрватска, имаше 29 години, а во куќата на пензионерот Вокиќ е од првата година, значи цели 28 години.
Годинава Малена и Клепетан немале подмладок.Но за време на 19 годишната љубов, Малена изведила 66 мали штркчиња.