НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Принципите на инклузивност и диверзитет постојано да се применуваат во политиките

0
By НОВА ТВ on July 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оперативното тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот денеска во Владата го одржа првиот состанок на кој беа презентирани постигнатите резултати и беа разгледани состојбите и предизвиците во спроведувањето на Националната стратегија за развој на концептот едно општество за сите и интеркултурализмот (2020-2022 година).

На средбата на членовите на Оперативното тело, како што информираат од Владата, беше усвоен Извештајот за реализирани активности од Националната стратегија за 2020 година и беше презентирана и електронската база на податоци на релевантни меѓународни документи насочени кон унапредување на меѓукултурниот дијалог и интеграцијата на општеството.

Заменик-претседателот на Оперативното тело, министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека ова Оперативно, меѓуресорско тело составено од 17 члена претставници на државни институции и експерти, е резултат на исклучително важен ангажман во рамки на Националната стратегијата едно општество, со цел да се постигне нешто добро и квалитетно за граѓаните.

Во телото членуваат првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби, кој е претседател на Оперативното тело, како и министерката за образование и наука Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерката за култура Ирена Стефоска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, како и Народниот правобранител Насер Зибери.

Националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски рече дека и покрај Ковид кризата во рамки на развојот на концептот едно општество има повеќе отпочнати и завршени работи. Тој информираше дека Извештајот претставува преглед на спроведени активности по области и идентификувани предизвици.

– Ова е прв состанок на Оперативното тело како интерсекторско тело а во иднина ќе ги интензивираме средбите. Моја најголема радост е што сме сведоци на сѐ поголема свесност за вредностите на концептот „Едно општество“ во институциите кои веќе се чувствуваат обврзани да внимаваат на овие придобивки. Се обврзуваме да работиме и на видливоста на овие резултати што ги постигнавме, рече Алаѓозовски.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, рече дека во контекст на концептот едно општество има голем исчекор по прашање на социјалната кохезија за што голем удел има и Оперативниот план за вработување во приватниот сектор којшто се темели врз принципот на инклузивност и диверзитет што подразбира поголем удел на помалку застапените групи и етничка застапеност при вработувањата, како и принципот на рамномерен регионален развој преку кој  се работи на мотивација и стимулација на инвеститорите во помалите региони.

-Принципите на инклузивност и диверзитет треба конзистентно да се применуваат во политиките, вели Битиќи.

Членовите на Оперативното тело едногласни – огромна е важноста од модификација и прилагодување на образовниот систем и стимулирање на принципот на изучување на јазиците на другите заедници што би требало да се стимулираа со стипендии како важен фактор во градењето на интеркултурализмот. Беше подвлечена и важноста на родовата еднаквост при вработувањето, особено во помалите етнички заедници и што поголема вклученост на младите не само како советодавен туку и имплементирачки фактор во креирањето на политики. Членовите на оперативното тело исто така беа едногласни дека е потребна популаризација и соодветна промоција на оваа Стратегија која е уникатен документ и во европски рамки.

На состанокот едногласно беше усвоен Извештајот за преземени активности предвидени во Националната стратегија, при што беа истакнати реализираните клучни активности во седум области – кластери кои имаат клучно значење за интеркултурализмот: правна рамка, образование, медиуми, култура, општествена кохезија, млади и локална самоуправа, информираат од Владата.

Влада едно општество инклузивност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.