НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Над 130 компании и 500 домашни изведувачи опфатени со петтиот пакет мерки

0
By Sashko on July 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири во име на Владата денеска потпишаа договори со 33 компании за проекти за финансиска поддршка на индустријата и операторите за организација на настани, со задолжително ангажирање на домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија, соопштија од прес-службата на Владата.

– Задоволство ми е што денеска ги потпишуваме договорите кои се однесуваат за финансиска поддршка на индустријата и операторите за организација на настани, со задолжително ангажирање на домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува еден значаен јубилеј – 30 години независноста на Северна Македонија. Со оваа одлука, за одобрување на средства од Буџетот на државата во висина од 61,499.000 милиони денари, односно околу еден милион евра, наменети за реализација на проекти на 33 компании од оваа дејност, успешно заокруживме постапка со која се помогнати не само економските оператори за организација на настани туку и голем број на домашните изведувачи и подизведувачи кои беа директно погодени од пандемијата во последните година и половина, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој додаде дека јавниот повик е мерка од петтиот сет и не е единствената поддршка која Владата ја обезбедува за индустријата за организација на настани.

– На вчерашната Владина седница, усвоивме и одлука за мерка од шестиот пакет, која се однесува за директна финансиска поддршка на компаниите од индустријата, за директна финансиска помош во износ од 15.443.661 милиони денари кои ќе бидат исплатени на трансакциските сметки на компаниите кои ги исполнија критериумите, истакна Битиќи.

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири се надоврза на обраќањето на заменик-претседателот на Владата Битиќи и изрази задоволство од бројот на апликации и од квалитетот на понудената содржина во проектите.

– Навистина ми претставува задоволство да соопштам дека согласно одлуките, со овој повик ќе се поддржат 33 проекти и 33 компании носители на проектите, најмалку петстотини изведувачи на јавните настани, најмалку 130 компании подизведувачи. Јас можам во оваа прилика да кажам дека одзивот не само што беше голем, туку и содржински целосно ги исполни нашите очекувања и планови, потенцираше Зеќири.

Тој уште додаде дека несомнено дадените насоки биле инспирација за многу од компаниите што аплицираа и дека тоа е видливо од шареноликоста на понудените содржини кои на граѓаните ќе им овозможи лето за паметење со свечени настани, фестивали, концерти, проекции, изведби, работилници, изложби, претстави, конференции, сесии, спортски и друг тип настани од јавен карактер, како дел од програмата со која најдостојно ќе се одбележи големиот јубилеј – 30 години независност на Северна Македонија.

Антикризни мерки Влада Македонија Петти пакет Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.