НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дронзина: За триесет години Бугарија не успеа да ги формулира своите барања до Скопје

0
By НОВА ТВ on July 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Софија не е заинтересирана да биде надворешна граница на Европската Унија, смета професорката од Софискиот универзитет Татјана Дронзина.

Во интервју за бугарски весник, таа коментира дека Софија „не е заинтересирана за ширење србомани во Скопје, кои, следејќи ги интересите на Србија, на крајот ги следеле интересите на Русија“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Дронзина, прагматично, односот на Бугарија кон Северна Македонија треба да пробие низ цивилизациската и геополитичката ориентација на официјална Софија.

Според неа речиси  е невозможно ниту една бугарска влада во моментов, со овие ставови во јавноста, безусловно да ја поддржи европската интеграција на Северна Македонија. Бугарија, според Дронзина, е во апсолутно збунувачка позиција, каде околностите ја тераат да прави работи што не сака да ги прави и разбира дека не е добро да се прават, но во исто време не може да престане да ги прави.

-За 30 години Бугарија не успеа да ги формулира своите барања до Северна Македонија, ниту да постави конкретни рокови за нивно исполнување, категорична е Дронзина, пренесува дописникот на МИА.

Бугарија, смета Дронзина, не успеала да стане ментор на Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, ниту пак пример што треба да го следи.

-Бугарија нема развиено никаква сериозна иницијатива, што ќе им даде шанса на позитивно настроените кон неа политичари од Северна Македонија да ги зајакнат своите позиции. Таа смета дека не била организирана ниту една кампања за Бугарите во која владата во Софија, точно ќе објасни што прави и како тоа го прави, што сака да постигне и како има намера да го постигне тоа, пренесува дописникот на МИА од Софија.

Бугарија Македонија Татјана Дронзина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.