Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, оствари средба со генералниот обвинител на Руската Федерација Игор Краснов.
Во рамки на досегашната успешна соработка помеѓу двете обвинителства, на средбата беше потенцирана заедничката заложба за размена на искуства во борбата против организираниот, транснационалниот и компјутерскиот криминал, како и заштитата на човековите права, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.
Јовески и Краснов, како што стои во соопштението, се согласиле дека меѓународната соработка е основа за поуспешна борба со криминалот, како задача на обвинителската професија.
Јовевски учествува на меѓународната конференција во Санкт Петербург „Улогата на обвинителствата во заштитата на индивидуалните права и јавниот интерес во светло на препораките од Европската конвенција за човековите права“.