НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Северна Македонија станува енергетски коридор за земјите од Југoисточна Европа

0
By НОВА ТВ on July 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев во обраќање на конференцијата на „Економист“ во Атина ја истакна важноста на регионалната и економската соработка, особено за време на пандемијата и предностите и придобивките кога земјите работат заедно. Премиерот ги истакна можностите што нашата земја ги нуди за инвестиции, а се задржа и на договорот што денеска ќе се потпише меѓу двете земји за интерконекторот за природен гас.

„Тоа е многу голем проект, околу 100 милиони евра. 54 милиони евра се на Северна Македонија. Тоа е интерконектор за природен гас што отвора огромна можност, не само за Северна Македонија, туку и за Србија, за Косово, за Западен Балкан, што конечно ќе донесе диверзификација на природен гас“, истакна Заев и потенцираше дека нашата земја „станува енергетски коридор за земјите од Југоисточна Европа“.

На панел сесијата, заедно со премиерот Заев, обраќања имаа и премиерот на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти, поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, поранешната еврокомесарка за вработување и социјални прашања, Ана Диамантопулу, Џорџ Катруглос, поранешен министер за надворешни работи, како и Ринс Прибус, претседател на „Мајкл Бест Стратеџис“.  

Премиерот Заев во своето излагање сподели неколку пораки за проекти кои Северна Македонија во соработка со земјите од регионот, Европската Унија, САД и со сите пријателски земји ги реализира за економска стабилност и просперитет.

Северна Македонија, но и другите земји од регионот ја следат европската агенда, како околу климатските промени, така и во однос на зелената енергија и изрази задоволство за инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан во висина од девет милијарди евра.

„Сега се обидуваме да отвориме нови зелени коридори со нашите соседни земји и многу сум среќен бидејќи Грција е првата земја што ги отвори овие зелени линии со нас, како земја членка на Европската Унија, бидејќи ние сме опколени од земји членки на ЕУ. Ние сме како остров во средина. И многу сум благодарен што премиерот Мицотакис го направи првиот чекор да го отвори првиот грчки коридор и да ги охрабри другите земји членки да го следат неговиот пример, примерот на Грција“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев, дополни дека за нас не постои друга алтернатива, освен иднината во ЕУ.  

„Сакаме да ги европеизираме нашите земји, Скопје, Приштина, Белград, Тирана, Подгорица и Сараево, сите ние сакаме да ги почувствуваме придобивките“, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.

Премиерот Заев истакна дека закрепнувањето на Северна Македонија, но и генерално на Западен Балкан, овој период е видливо, говорејќи за економијата и за инвестициите, и додаде дека „конечно се враќаме на позитивни стапки на раст“.

Претседателот на Владата Заев се задржа и на инвестициите во регионот и во нашата земја, додавајќи дека се развиваат алатки за привлекување инвестиции, особено за време на пандемијата и ги претстави условите за инвестиции во Северна Македонија.

Дополнително потенцираше дека само за време на пандемијата имало пет нови инвестиции.

„Сакам да истакнам дека сѐ што се случи во Северна Македонија, особено по Договорот од Преспа на економски план е многу видливо“, порача премиерот Заев.

Атина Зоран Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.