Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи на средба со Палмер на Дубровник форум

0
By НОВА ТВ on July 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 9, 2021 21:26

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот, Метју Палмер и со Забине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики во МНР на Германија, уште пред самиот почеток на Дубровик Форумот, информираат од МНР. Стратешкото партнерство на земјава во евро-атлантската заедница, клучните реформски процеси како поддршка во таа насока и за следните чекори во однос на европските перспективи на земјата, беа дел од темите на средбите.

На состанокот Палмер, како што информираат од МНР, беа реафирмирани заклучоците од високиот панел во рамките на Преспа форумот за дијалог.

– Засилената обнова на трансатлантските врски, засилениот фокус на САД во однос на земјите од Западен Балкан, но и продлабочувањето на Стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД преставуваат заеднички геостратешки интереси кои остануваат важен приоритет во рамките на нашата надворешна политика, рекол Османи на средбата.

САД е важен стратешки партенер и нивната долгорочна визија за стабилен, просперитетен и интегриран регион во евроатлантските рамки е сериозен двигател на реформските процеси во овие земји, вели Османи и дополнува дека визијата станува уште поцврста ако се има во предвид фактот дека истата ја делат и нашите европските сојузници и придонесува кон приближување на земјите од Западен Балкан кон членство во Европската унија.

На средбата Штер, во фокусот на разговорот беше европската перспектива на земјата, но и регионалниот аспект особено Берлинскиот процес, последните заклучоци што се донесоа во рамките на оваа иницијатива и активности што следат за нивно преточување во конкретни проекти.

Министерството за надворешни работи најави дека утре Османи ќе биде говорник на панелот „Меѓународната заедница и земјите од Западен Балкан: како да ставиме крај на карантинот?“, а во агендата на министерот има и повеќе билатерални средби со високи претставници.

Дубровник Форум Османи Палмер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.