Исклучителна посветеност и организација при процесот на вакцинација и во непроодните места покажаа екипите на ЈЗУ ЗД Берово, напиша на својот фејбук профил, Министерот за здравство, Венко Филипче.
– Во село Ратево со трактор се спуштени неподвижните лица и вакцинирани. Теренската имунизација се спроведува плански и на тешко достапните места. Се што е потребно е да се има желба и заинтересираност од страна на граѓаните, додаде Филипче.