Висок командант на Иранската револуционерна гарда, за време на состанокот минатата недела во Багдад, ги повика припадниците на ирачката шиитска милиција да ги интензивираат нападите врз американските цели, пренесуваат странските агенции, цитирајќи извори од милицијата и од ирачките безбедносни сили кои се запознати со состанокот.
Американските сили во Ирак и Сирија беа нападнати неколку пати по посетата на иранска делегација на Багдад, предводена од шефот на разузнавачката служба на Револуционерната гарда, Хосеин Таеб.
Посетата следеше по смртоносните воздушни напади на САД врз милициите поддржани од Иран на сириско-ирачката граница на 27 јуни.