Новинарот на Ројтерс, Даниш Садики е убиен денеска додека известувал од линијата на огнот помеѓу авганистанските и талибанските борци. Настанот се случил во близина на еден граничен премин со Пакистан, изјавил неименуван авганистански командант. долж границата на Авганистан.
Садики бил дел од единицата на авганистанските сили која имала за задача да ја преземе контролата врз главниот пазар во областа Спин Болдак и по вкрстениот оган со талибанците, настрадал тој и еден авганистански офицер.
Претседателот ан Ројтерс, Мајкл Фриденберг и главниот и одговорен уредник Алесандра Галони соопштија дека агенцијата се обидувала да дојде до дополнителни информации и да соработува со властите во тој регион.
-Даниш беше исклучителен новинар, посветен сопруг и татко,омилен колега. Во мислите сме со неговото семејство, во овој ужасен момент, се наведува во соопштението.