Опозицијата пак бара да се повелече предложеното лого за прославата на 30-годишнината од независноста.
– Продолжува сквернавењето на националните и идентитетските симболи од страна на оваа власт. И покрај острата реакција од страна на граѓаните, Владата на Зоран Заев сеуште е глува за целосно повлекување на логото. Непостоењето на терминот „Република“ како одредница за општественото уредување и пренебрегнувањето на фактот дека на 8-ми Септември 1991 година, македонскиот народ гласаше за суверена и независна држава Република Македонија, го прави ова решение за целосно неприфатливо.Со ваквото решение од страната на владата на Зоран Заев е прекршен и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, во членовите 3 и 4 од истиот закон, каде што јасно стои дека „Во грбот и знамето на Република Македонија не може ништо да се впишува, односно испишува, ниту тие можат да се менуваат, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа, како што соопштува опозициската партија, бара веднаш да се повлече ова решение за лого и да се распише нов конкурс.