НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 18 години парализиран човек „прозборува“ преку компјутер

0
By Mirjana on July 18, 2021 КУЛТУРА
Photo: New York Times
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не можеше да зборува од 2003 година, кога на возраст од дваесет години се парализирал поради тежок мозочен удар  доживеан по страшна сообраќајна несреќа.

Но, сега науката доведе до пресврт. Научниците ги искористиле говорните подрачја на неговиот мозок, овозможувајќи му да создава разбирливи зборови и реченици едноставно преку обид да ги изговори. Кога човекот познат под прекарот Панчо, се обидува да зборува, електродите вградени во неговиот мозок, ги пренесуваат сигналите во компјутерот, кој на екранот потоа ги прикажува неговите предвидени зборови.Неговата прва реченица била: „Моето семејство е надвор“.

Веста за научното достигнување е објавена деновиве со цел да се дознае за методата која конечно може да им помогне на многу пациенти на кои им е одземена способноста да зборуваат.

„Ова е подалеку, од она што сме го замислувале дека било кога би можеле да одиме “ изјавила Мелани Окен. Професор по неврологија и педијатрија на Универзитетот за здравје и наука во Орегон , која не била вклучена во проектот.

Пред три години, кога Панчо кој сега има 38 години, прифатил да работи со научници од неврологијата, воопшто не биле сигурни дали неговиот мозок воопшто го задржал механизмот за говор.

„ Тој дел од неговиот мозок можеби мирувал и едноставно не знаевме дали некогаш ќе се разбуди како би можел повторно да прозборува“ изјавил др. Едвард Чанг, претседател на невролошката хирургија на Универзитертот во Сан Франциско, Калифорнија, кој го водел истражувањето.

Тимот имплантирал правоаголен лист од 128 електроди, дизајниран да детектира сигнали од говорните сензорни и моторни процеси поврзани со устата, усните, вилицата, јазикот и гркланот.Во педесеттата сесија, во текот на 81 недела , го поврзале имплантот со  компјутерскиот кабел кој бил прицврстен за „порт“ во главата на Панчо, и го замолиле да се обиде да ги изговори зборовите од листата од 50 вообичаени меѓу кои ,,гладен“,„ музика“, „компјутер“..

Како и тој , електродите ги пренесувале сигналите во облик на вештачка интелигенција која се обидувала да ги препознае зборовите со кои се имало намера да се објасни еден поим или состојба, желба..

„ Нашиот систем ја преведува мозочната активност, која нормално би го контролирала неговиот вокален тракт директно во зборови и реченици, изјавил Давид Мозес инжинер на постдокторски студии инаку водечки автор на студијата.

Панчо, кој барал да го препознаат само по прекарот, поради заштита на приватноста, се обидувал да изговори 50 зборови во 50 различни реченици.

Во една од сеансите како одговор на прашањето: „Како сте денеска“?

Неговиот одговор прикажан на екранот бил: „Многу сум добар“.

 

 

 

зборува компјутер парализиран човек
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.