Граѓанинот претставува стожер на социјалната реформа и се што правиме и како Влада и како Министерство е да го олесниме животот на граѓаните, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во гостувањето на утринската програма на Националниот сервис
Таа посочи дека социјалната реформа ги дава своите резултати. Изминатата година во време на пандемија со законски измени е зголемен опфатот на дополнителни 6 500 домаќинства, (приматели на гарантирана минимална помош), преку олеснети критериуми за влез во системот на социјална заштита, како и зголемен детски и образовен додаток.
Шахпаска посочи дека Проектот за подобрување на системот на социјални услуги е заснован на неколку принципи кои претставуваат темел на социјалната реформа.
– Преку принципот на плурализација, го вклучуваме невладиниот сектор, физички лица и приватни субјекти, како даватели на услуги. Суштината е зголемување на опфатот на даватели на услуги кои претходно поминуваат низ процес на обуки. Излегуваме од стариот систем на социјална заштита кога даватели на социјалните услуги беа Центрите за социјална заштита, рече министерката Шахпаска.
Исчекорот со социјалната реформа , појасни министерката е и во тоа граѓаните да ги вадиме во системот на социјална заштита преку процесот на активација на пазарот на труд , преку индивидуален план за највработливиот член од семејтвото во ризик.