Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бојан: Воопшто не ме болеше раката од вакцината, супер поминав!

0
By НОВА ТВ Balaban on July 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 19, 2021 14:12

Само што се вакцинирав, ни малку не ме болеше раката од вакцината, супер поминав! Не треба да се плашите од вакцина, таа многу ќе ви помогне ако се разболите од ковид-19, ни изјави 16-годишниот Бојан Наумовски денеска пред пунктот во скопската поликлиника Букурешт.

Тој е еден од педесетте адолесценти кои до денеска напладне тука се имунизираа со вакцината Фајзер на првиот ден од вакцинацијата против ковид-19 којашто во целата земја почна и за деца на возраст  од 12 до 17 години чии родители или старатели се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk. 

Бојан носеше маица со порака „Just do it“, па се пошегувавме дали намерно ја облекол за таа порака да стаса и до неговите врсници.

– Да, секако! Немав дилема воопшто дали да се вакцинирам против новиот вирус и добро е што еве и кај нас почнаа да ги  заштитуваат и помладите – ни рече Бојан, кој од септември се надева дека „во живо“ ќе следи настава во втора година во СУГС  „Раде Јовчевски Корчагин“.

Д-р Сања Цилевска Младеновска вели дека три екипи ги вакцинираат граѓаните.

– Денеска почнавме со имунизација на адолесценти на 16 и 17 годишна возраст и еве досега поминаа меѓу 40 и 50 деца. И тие и нивните родители се интересираа за евентуални несакани реакции од вакцината, а кои симптоми се сметаат за вообичаени. Вакцинирањето и на оваа возрасна група денеска поминува без проблеми, немавме некој да пријави несакано дејство – рече д-р Цилевска Младеновска.

Денеска се пријавени вкупно 200 деца и млади заинтересирани да примат вакцина во оваа поликлиника, а процесот во Скопје се одвива и во поликлиниките „Јане Сандански“ и „Чаир“ и во здравствените домови во земјата. Досега биле пријавени 1.800 деца од целата земја, а пријавувањето продолжува.

Граѓаните кои денеска чекаа за вакцина најмногу се интересираа од кој производител се вакцините. Според планот, тоа се вакцините Синовак, Астра Зенека за постари од 60 години и Фајзер за децата од 12 до 17 години.

И оние деца кои немаат здравствено осигурување или не одбрале матичен лекар, како што информираше министерот за здравство, Венко Филипче, исто така ќе може да се вакцинираат. Информации за термините ќе може да добијат директно на пунктови каде се одвива вакцинацијата на деца.

 

 

Здравствените власти апелираат дека единствен начин за превенција од нов силен бран и ширење на опасниот делта сој е што помасовна имунизација. До вчера кај нас биле детектирани десетина случаи со делта сој, а ниту еден од нив не бил вакциниран.

Паралелно со децата, продолжува и вакцинацијата на возрасното население, а пред една недела почна и теренската имунизација.

Љубица Балабан

Адолесценти Бојан Наумовски вакцината деца имунизираа поликлиника Букурешт Сања Цилевска Младеновска фајзер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.