Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветар од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен, а максималната од 26 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 7.
Според најавата на УХМР, променливо облачно со сончеви периоди ќе биде и во Скопје, со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 18 степени, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Од утре ќе следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утре и во четврток ќе дува засилен ветер од северен правец.