НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ доби поддршка од чешкиот филмски фонд

0
By НОВА ТВ on July 20, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филмскиот центар на Чешка ги објави резултатите од конкурсот кој заврши неодамна, a меѓу проектите кои добиваат најголема поддршка на овој повик е и дебитантскиот филм на Георги М. Унковски „Диџеј Ахмет“, во продукција на Синема Футура и Сектор филм од Македонија со локална поддршка на Aлтер вижн од Чешка.

За проектот комисијата пишува дека се издвојува како еден од највпечатливите проекти на конкурсот со силна и оригинална приказна за едно момче од јуручките села во Македонија. Во сценариото на Унковски се гради еден свет на едноставност, пасторалност, селски живот во кој се судираат генерации на родители и нивните деца кои имаат порив да бидат дел од модерниот свет. Претходно проектот доби две награди за развој на годинешниот Софија Митингс и е во подготвителна фаза на пред продукција, период во кој Георги Унковски учествува на Медитеранскиот филмски институт на нивната работилница за сценарио во Грција. Истовремено е започната и соработка за продукциски развој на проектот преку работилницата YAPIMLAB во Турција под менторство на големата Зејнеп Атакан, добитиничка на наградата Златна Палма на Канскиот филмски фестивал со филмот Winter Sleep (2014).

Диџеј Ахмет е дебитантски филм на Георги М. Унковски, кој зборува за Ахмет, петнаесетгодишно момче од јуручкото село во Македонија кој се наоѓа на раскрсница во својот живот кога татко му го отпишува од школо очекувајќи од него да преземе повеќе обврски од селскиот живот и да се грижи за неговиот брат Наим. Ахмет чиј сон е да стане дискџокеј доаѓа во судир со конзервативната средина, очекувањата на својот татко и неговиот прв контакт со љубовта.

Георги М. Унковски е автор на повеќе кратки филмови, а неговиот последен филм „Налепница“ имаше своја премиера на Санденс филм фестивал во САД по што беше прикажан на повеќе од 240 фестивали и освои повеќе од 40 награди.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.