Претседателот Стево Пендаровски денеска во резиденцијата на Водно ќе додели „Орден за заслуги за државата“ за претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, а постхумно ќе бидат одликувани и писателот Горан Стефановски, пејачот и актер Зафир Хаџиманов и професорот Ремзи Несими.
Мукаетов се одликува за професионалните стандарди во фармацевтската индустрија и за неговата филантропска култура и општествена одговорност.
Писателот Горан Стефановски постхумно ќе добие Орден за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и во осoвременувањето на книжевното културно наследство, Хаџиманов за огромниот придонес во специфичниот полижанровски развој во сферата на уметничкото творештво, а Несими за неговиот траен придонес во филолошките науки и албанологијата во Република Северна Македонија и во светот воопшто.