Сузана Охлен (39) репортерка на германскиот ТВ канал „Ер Те Ел“, добила отказ откако била фатена како се мачка со кал пред да снима репортажа во градот Бад Мунстереифел кој беше разурнат град од поплавите што ја погодија Германија, пренесува „Дојче Веле“.
Охлен се намачкала со кал за да се преправа дека учествувала во напорите за расчистување на градот по големите поплави што однесоа најмалку 170 животи.
На снимката се гледа репортерката која е облечена во сина кошула, капа и чизми, а потоа може да се воочи како се наведнува, зема кал и ја размачкува на нејзината облека додека е опколена со оштетени куќи и остатоци од поплавите. Потоа се наведнува по втор пат, овој пат мачкајќи ја калта на лицето.
Каналот „Ер Те Ел“објавил репортажа „Чистење по поплавите: Репортерка на RTL помага во Бад Мунстереифел”, а набљудувач ја снимил репортерката дека непосредно пред снимањето се валка со кал и тоа го објавил на социјалните мрежи.
https://twitter.com/i/status/1418169326335582214
Охлен подоцна им се извинила на гледачите, посочувајќи дека направила „сериозна грешка“ со тоа што мачкала кал на нејзините алишта пред да се вклучи во програма.
„Како новинар, ова не смееше да ми се случи. Откако во претходните денови, навистина приватно помагав во овој регион, ми беше срам да застанам со чиста облека пред камерата. Без да размислам убаво ја намачкав облеката со кал и навистина жалам за тоа“, напиша таа на Инстаграм.