Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Законодавнот дом ќе предложи законско решение, кое покрај легализирање и ставање во правна рамка на тргувањето со круптовалути ќе опфаќа и законско ослободување од пресметување на ДДВ за трговијата со криптовалути, а инвеститорите ќе се ослободат и од плаќање на данок на добивка и персонален данок на доход најмалку до крајот на 2023 година.
Од партијата велат дека со такво законско решение ќе се обезбедат и до половина милијарда евра за буџетот, пари за проекти и мерки за граѓаните.
„ВМРО-ДПМНЕ има план и визија како од Македонија да направи земја во која напредните технологии ќе бидат секојдневие. Време е да фатиме чекор со напредните држави. Време е за нови технологии и нов пристап“, информираат од ВМРО ДПМНЕ.