Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Град Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

0
By Biljana on July 24, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 24, 2021 09:11

Скопје и годинава со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога градот се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

Традиционално во понеделник (26.07.2021 година) во 10 часот пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе. Општинската организација на Црвениот крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиологија во понеделник (26.07.2021 година) ја организира традиционалната  крводарителска акција. Акцијата, којашто почна во 9 часот и ќе трае до 17 часот, во Дневниот центар за дарување крв во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.

Традиционално по повод годишнината од земјотресот, Град Скопје и јавните културни установи ќе организираат многубројни настани.

Во Музејот на Град Скопје во понеделник во 19 часот ќе се одржи поетско читање на Организацијата на жени на Град Скопје, а во 20 часот ќе се отвори изложбата „Колаж на еден разурнат град“. Во 9 часот ќе се организира „Скопска аванТУРА“ – Детска едукативна прошетка низ минатото на Скопје, а почетната точка ќе биде Феудална кула кај Дом на АРМ.

Во 19 часот ќе се одржи и свеченото пуштање во употреба на новиот Кеј 13 Ноември, кој ќе биде проследен со настап на Градски дувачки оркестар и изложба на отворено „Сигналитика на централното подрачје на Скопје“. Во Национална опера и балет во 20 часот, како дел од Скопско лето, ќе се одржи балетската претстава „Сви марш на плес“.

Програмата за одбележување на 26 јули ќе биде заокружена со централниот настан во 21 часот во Градскиот парк, каде што ќе се одржи концерт на Филхармонија на РСМ и „Архангел“, насловен како „Филхармонија и Архангел за Скопје“.

Град Скопје земјотрес Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.