Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјоделци ја блокираа изградбата на експресниот пат Штип – Кочани

0
By Biljana on July 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 24, 2021 12:58

Земјоделци од селата Спанчево, Соколарци и Бања во општина Чешиново-Облешево, денеска излегоа на двочасовен предупредувачки протест, при што со земјоделска механизација го блокираа сообраќајот и изградбата на експресниот пат Штип – Кочани.

На тој начин искажаа незадоволство зашто и покрај нивните реагирања и упатени писмени барања до надлежните државни институции, не добиле, како што рекоа, одговор како ќе им се реши пристапот до нивите кои остануваат отсечени со комплетирањето на новата сообраќајна врска.

„Се работи за над две илјади хектари оризови површини до кои ние воопшто не можеме да дојдеме ни пеш, а уште помалку со земјоделската механизација. За два месеца ќе почне жетвата на оризот, ама не знаеме ниту од каде ќе влезат комбајните, ниту од каде ќе го изнесеме ожнеаното од нивите. Со изведбата на експресниот пат не е обезбедено никакво поврзување со постојните полски патишта што земјоделците ги користат со децении“, истакна Јоце Митров, земјоделец од Спанчево.

Земјоделците од трите села реагирале уште минатата година и оствариле средба со претставници на изведувачот и на надзорот на градежните работи, но не се постигнало заедничко решение.

„Во март годинава поднесовме и писмено барање до Јавното претпријатие за државни патишта и до Општина Чешиново-Облешево, но од никаде не добивме никаков одговор. Експресниот пат наскоро ќе биде готов, а решение за пристапот до нивите немаме. Тоа значи дека ќе бидеме принудени да ја сечеме заштитната ограда и да го исполниме со земја одводниот канал околу патот, за да можеме да преминуваме преку него. Околу 700 семејства во трите села својата егзистенција ја обезбедуваат од оризот и земјоделското произвдство, а без пристап до нивите сме осудени на пропаст“, истакна Јорданчо Лефков, земјдоелец од Спанчево.

Градоначалникот на Чешиново-Облешево, Горанчо Крстов им даде поддршка на барањата на своите сожители, при што истакна дека може да се најде решение на проблемот.

„Општината нема никаква надлежност околу експреснит пат затоа што не учествува во инвестицијата, иако земјодолците реагираа и кај нас. Тие се во право дека немаат никаков пристап до површините, а ние исто така барањата ги препративме до јавнотот претпријатие за државни патишта. Најдоброто решение е да се изгради земјен земјоделски пат, паралелен со експресниот, со што ќе се обезбеди поврзување со старите полски патишта“, истакна Крстов.

Земјоделците од трите села нагласија дека нема да се откажат од своите барања и дека ќе продолжат со блокирање на градежните работи, сѐ додека не добијат одговор од надлежните како и кога ќе им се обезбеди соодветен пристап до нивите.

земјоделци протест Чешиново-Облешево
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.