НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Радев: Мандатот ќе го врачам кога партиите ќе бидат подготвени

0
By Biljana on July 25, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денот на предавање на мандатот на партијата победник на изборите за формирање на новата бугарска Влада ќе биде познат кога партиите ќе гарантираат дека постигнале резултат во преговорите, искоментира бугарскиот претседател Румен Радев при неговата посета на Велико Трново, јави дописникот на МИА од Софија.

Според него, партиите мора да дадат јасни гаранции дека нема да отстапат од овој правец и дека и ќе создадат таква влада, која ќе биде обединета со приоритети и цели што се во интерес на бугарските граѓани.

Мотивите на привремените бугарски министри за внатрешни работи и за правда да побараат смена на главниот обвинител Иван Гешев се во одбрана на законот, а одлуката на Високиот судски совет да не го отстрани од функцијата е да се заштити статус кво-то, што беше одбиено од бугарскиот граѓани, рече Радев. нк/сд/

Во меѓувреме, Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија, денска оддржува важен состанок на кој ќе присуствуваат не само високи претставници на бугарската левица, туку и коалициските партнери на БСП и каде ќе се разгледаат досегашните преговори меѓу БСП и претставниците на „Има таков народ“ и ќе се одлучи дали ќе продолжат разговорите меѓу двете заинтересирани страни.

Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, денеска мора да добие мандат од Националниот совет на партијата за да ги продолжи преговорите со партијата на ТВ-презентерот Слави Трифонов и во каква форма ќе ја поддржат идната бугарска влада. Пленумот ќе го разгледа и прашањето за бараната оставка на Нинова од внатрепартиската опозиција поради губењето партиски гласови на предвремените парламентарни избори на 11 јули.

Се очекува денеска Нинова да го претстави планот за надминување на падот на Бугарската социјалистичка партија со сеопфатна објективна анализа и конкретни решенија за постигнување подобар резултат за левицата.

Бугарија Бугарска Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.