Никаде во највисокиот ешалон па дури и во вториот ешалон, не е препознаена корупција, потенцира премиерот Зоран Заев при посетата на отпочнувањето на работите на атмосферската канализација во општината Шуто Оризари.
– Таа не е пронајдена кај министрите, кај директорите пронајдена е по анализа во административното функционирање на јавните институции. И затоа ние поставивме подпретседател на влада меѓу другото задолжен за борба против криминалот и корупцијата, истакна Заев.
Премиерот потенцираше дека поставувањето на потпретседателот на владата за борба против криминал и корупцијата е решителност на власта за уште пофголемо давање на ефекти.
– Денеска на ова транспарентно и отворено општество имаме можност граѓаните слободно да реагираат. Секогаш да ги кажат своите ставови што и во извештаите ќе го видите дека во минатото сме го немале. Сето тоа сме го немале, истакна Заев.
Извештајот на Стејт Департментот, извештаите на ЕУ и другите стратешки партнери се важни, валидни, и треба да посветиме секој пат внимание, истакна премиерот Заев при денешната посета во Шуто Оризари одговарајќи на новинарски прашања.
– Во самите анализи, кога ќе го видите самиот извештај, прво зборува за огромни придобивки и промени позитивни, кои се имаат случено во Р.Северна Македонија, но јасно ги лоцираат и своите слабости, посочи премиерот.