НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегу: Корупција е голем проблем за Западен Балкан на патот кон ЕУ

0
By НОВА ТВ on July 27, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (RCC), Мајлинда Брегу, денеска изјави дека корупцијата е голем проблем во западнобалканските општества на патот кон Европската унија.

– Земјите од Западен Балкан мораат институционално да се справат со проблемот со корупцијата, но граѓаните, исто така, мора да го сменат однесувањето и да престанат да го сметаат за нормално да даваат подароци на некој што само си ја работи својата работа, рече таа во интервју за „Вијести“.

– Мора да престане да биде социјално прифатливо луѓето да бараат врски или да плаќаат мито кога и да им треба нешто. И особено ние, како општество, мора да ги осудиме оние што го прават тоа. Особено оние на високи позиции, на позиции на моќ, кажа таа во интервјуто за црногорскиот весник.

Пред шест години, 15 проценти од граѓаните ја сметаа корупцијата за најголем проблем, а сега тој процент е 26 проценти, така што Брегу проценува дека тоа е „огромен раст што очигледно е предизвикан од евидентното зголемување на видливата корупција“, се наведува во соопштението на Советот за регионална соработка.

– Сега, во 2021 година, 54 отсто од луѓето во Западен Балкан веруваат дека познавањето на вистинските луѓе е клучно за напредокот во животот. Значи, тоа е она што луѓето го гледаат, го бараат и на што се стремат, ако не го најдат дома, тие се подготвени да го побараат на друго место, рече таа.

„Колку побрзо се осврнеме на овие прашања, толку подобро за нас. Мора да се бориме да водиме нормален живот, да напредуваме и да се развиваме, за да можеме да ги чуваме нашите деца тука, дома“, апелираше Брегу.

Брегу Западен Балан Корупција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.