Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

70 години од Конвенцијата за бегалци од 1951-документ за заштита на принудените да бегаат

0
By Mirjana on July 28, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 28, 2021 16:01

Денеска се одбележува 70 годишнина од Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951г., клучен меѓународен договор. Од УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, велат дека наново  правење заложба кон духот и фундаменталните принципи на Конвенцијата, денес е поитно од кога и да е. „Конвенцијата продолжува да ги штити правата на бегалците насекаде низ светот,“ изјави Филипо Гранди, Висок комесар за бегалци при Обединетите Нации. „Благодарение на Конвенцијата, милиони животи се спасени. Седумдесет  години откако е напишана, клучно е меѓународната заедница да ги брани нејзините принципи.“ Тој алармираше за скорешните обиди на некои влади да не ги почитуваат или да ги заобиколат принципите на Конвенцијата, од протерувања и нерегуларни враќања на бегалци и баратели на азил преку копнени и поморски граници, па сè до предлози за нивно насилно префрлање во трети држави за процесирање без соодветни мерки за заштита.

Зборувајќи на 70 годишнина од  денот  кога во 1951г. Конвенцијата за статусот на бегалците беше претставена на државите за потпишување, Гранди изјави дека овој договор е клучна компонента од меѓународното право за човекови права и останува исто толку релевантен денеска како кога бил напишан и договорен. „Јазикот на Конвенцијата е јасен што се однесува на правата на бегалците и останува применлив во контекстот на современите и досега непознати предизвици и вонредни состојби – како пандемијата со КОВИД-19,“ рече Гранди. И Конвенцијата за бегалците од 1951 и поскорешниот Глобален договор за бегалците бараат меѓународна соработка со цел да се изнајде низа решенија за бегалците.

Гранди ја потенцираше потребата од тоа меѓународната заедница да ги почитува клучните принципи на заштита на бегалците како што се изложени во Конвенцијата, вклучувајќи го правото на некој што бега од прогон да не биде вратен во опасност.

Седумдесеттата годишнина на Конвенцијата за статусот на бегалците доаѓа само неколку месеци откако и самата агенција УНХЦР одбележа седум децении како светска организација со мандат за заштита на присилно раселените лица.

70 г конвенција УНХЦР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

ВЕСТИ May 8, 2026

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на…

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.