НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дури 99% од смртните случаи од Ковид-19 не биле целосно вакцинирани

0
By Ivana on July 29, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последните анализи на Националниот институт за јавно здравје на Италија покажуваат дека по февруари, речиси 99 отсто од смртните случаи од Ковид-19 се евидентирани кај лица кои не биле целосно вакцинирани, напиша на својот фејбук профил, Министерот за здравтсво Венко Филипче.

– Вакцинацијата е единствен начин да се стави крај на пандемијата. Во оваа заедничка борба сите подеднакво ја делиме одговорноста. Секој граѓанин кој не е имунизиран го изложува на ризик своето, но и здравјето на останатите. За да го спречиме враќањето на рестриктивните мерки и да го вратиме нормалното секојдневие, важно е секој од нас да даде свој придонес и да се вакцинира, пишува министерот.

Тој посочи дека во официјалниот извештај на Институтот е наведено и дека бројот на смртни случаи кај оние со две примени дози од вакцината е особено низок, односно изнесува околу еден процент, а станува збор за лица кои имале здравствени проблеми и пред инфицирањето со коронавирус, со просечна возраст од над 88 години.

– Податоците говорат и дека инциденцата на инфекција, односно соодносот помеѓу бројот на нови случаи и вкупниот број на население, е десет пати помала кај вакцинираните отколку кај невакцинираните лица, што е силна потврда на ефикасноста на вакцините, вели министерот.

Пораст на хоспитализациите и смртните случаи како што додава, меѓу невакцинираното население е забележан во повеќе европски земји. По наглото зголемување на нови случаи во Шпанија од крајот на јуни, над 83 отсто од починатите лица биле невакцинирани, а 11,4% биле нецелосно вакцинирани.

– Во Обединетото Кралство 60 отсто од хоспитализираните лица биле нецелосно вакцинирани, како и во Белгија, каде скоро половина од инфицираните кои биле хоспитализирани со тешка клиничка слика не ги примиле двете дози на вакцината, вели Филипче.

Во Соединетите Американски Држави, пак, скоро 100 отсто од вкупниот број на хоспитализации се забележани кај неимунизираното население, а според податоците од јуни, 98 до 99 отсто од починатите воопшто не биле вакцинирани. Со појавата на делта сојот на ковид-19, бројот на случаи во земјите на САД рапидно расте, особено во оние со ниска стапката на вакцинација.

вакцинација имунитет Ковид-19 смртни случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.