Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако падне Законот за автопатите пред Уставен ќе скрши нога и со години ќе се проектираат делниците, вели Заев

0
By НОВА ТВ on July 31, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 31, 2021 19:04

По најавата на Антикорупциската комисија дека ќе го оспори пред Уставниот суд Законот со кој се овозможува изградбата на автопатиштата, односно Коридорите 8 и 10, премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање што доколку падне Законот пред Уставен одговори на шеговит начин:

– Ако падне ќе скрши нога, рака, нешто… Ако падне тогаш одлуката на Уставниот суд е конечена. Тогаш одиме повторно со постапките коишто значат две алтернативи, едната е традиционална постапка којашто државата ја има, а тоа значи проектирање едно три – четири – пет години, па после тоа значи избор на изведувачи, надзори и слично, изјави премиерот Зоран Заев.

Сепак, доколку Уставниот суд одлучи дека Законот за Коридорите 8 и 10 е неуставен, Владата тоа ќе го почитува. А, премиерот не очекува таков потег.

– Искрено верувам дека моделите којшто се веќе развиени во Хрватска, Србија, Албанија и Косово се исти како нашите. Уставите нѝ се исти, така што верувам дека и уставноста е загарантирана. Но, да не прејудицираме, да видиме Уставниот суд како ќе одлучи, вели Заев.

Антикорупционерите сметаат дека актуелниот Закон овозможува ограничување на конкуренцијата и избегнување на фер натпревар. Државната комисија за спречување корупција од уставните судии побараа да ги стопира сите чекори на договарање меѓу Владата и конзорциумот „Бехтел – Енка“, сè до носење на финална одлука од Уставен.

Ваквиот чекор на антикорупционерите следи откако од шефот на државата, Стево Пендаровски, побараа да не го потпишува указот за Законот за стратешко партнерство со „Бехтел – Енка“, а тој стави свој потпис со образложение дека Законот е донесен со потребното мнозинство на пратеници, а никој не гласал против. Покрај можностите за корупција, ДКСК наведе дека фирмите ги следат низа скандали за изградбата на автопатските решенија во регионот. Станува збор за законско решение, преку кое Владата директно избира конзорциум за да ги гради Коридорите, а притоа да не се отвори тендерска постапка.

Во самиот Закон е наведено дека „Бехтел – Енка“ треба да ги гради Коридорите 8 и 10. Станува збор за автопатите Тетово – Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола.

#Уставен Заев коридор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.