Да се поседува луксузен автомобил не е мала работа, тие чинат неколку стотици илјади долари и бараат скапо одржување, така што нив ги поседуваат главно богаташи. Меѓутоа, кога ќе бидат запленети од полицијата,тоа често станува крајно неисплатливо, како што тоа е случај во Кина.
Повеќе скапи автомобили кои биле конфискувани во Кина, сега буквално се распаѓаат на депонија за „сушества“ на четири тркала. Повеќето од нив не биле значително оштетени, но сепак, се оставени на „забот на времето“, па нивното враќање на патиштата не би било баш евтино. Видео на You Tube, меѓу другото, прикажува и примерок од претходната генерација на „Шевролет Корвета“, па „Порше Панамера турбо“, „Ауди Р8“, „Астон Мартин винтаџ“ и „Бентли континентал флyинг спар“. Не се најскапите возила на денешницата, но сепак е тажно да се види како пропаѓаат…
За разлика од некои други земји, кинеските власти не ги продаваат автомобилите на аукции.
Филипините пак, поразлично го решаваат проблемот со конфискуваните возила – ги уништуваат и ја објавуваат снимката јавно. И Дубаи, исто така, има „депонија“ на суперавтомобили.