НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стариот театар во Струмица се „гради“ пред секои избори

0
By Томе Христов on March 30, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Струмичани се сеќаваат на Градскиот народен театар како на место во кое постоело компактност, другарство и колегијалност.

Театарот, кој броел 420 седишта, а секогаш се барало карта повеќе. За оние повозрасните, тоа е местото што ги одбележува педесеттите години од минатиот век на градот под Царевите кули.

„Градскиот народен театар на Струмица се градеше преку работни акции и колективи, самите работници после своето работно време одеа во театарот да работат. Првата одиграна претстава беше „Бегалка“ во далечната 1949 година, за до крајот на мојот театарски живот да изиграм над 190 претстави“, раскажува Ѓорги Шаламанов, присетувајќи се на времињата во кои постоело дружба на секој чекор.

Денес на тоа место во центарот на градот, после 13 години од неговата несреќна судбина во 2001 година кога беше опожарен, останаа само надворешни ѕидови. Тоа место во изминатите години е посетувано само во време кога се навестуваат избори.

Државниот врв неколку пати правеше фотосесии и сечеа ленти за негово повторно оживување. Овој месец повторно на неколку денови пред започнување на изборната кампања, премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, на струмичките актери и јавноста им ветија дека почнува неговото раѓање.

Ветија дека овој простор повторно ќе го добие стариот лик и истиот ќе биде во функција за 18 месеци. Ветија, се фотографираа и заминаа со надеж за освојување на уште едни избори, а грдата слика остана во центарот на градот.

По ваквите ветувања, власта од Советот на општина Струмица обвини дека Груевски треба да даде неколку одговори за ветеното и како што изјавија, незаконско градење на стариот театар, за кое нема одобрение. Тие додаваат дека и овој пат се работи само за уште една од низата фотосесии на оваа власт во предизборен период.

Низата препукувања меѓу власта и опозицијата ќе продолжи и понатаму, а рушевината од стариот театар стои веќе 13 години.

Струмичките актери колеги на Шаламанов ќе се сеќаваат на убавите времиња, а новата актерска екипа од театарот „Антон Панов“, која годинава слави 65 години од своето постоење, ќе почека барем уште некоја година, со надеж дека некоја наредна претстава ќе ја одиграат во Градскиот народен театар на Струмица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.