НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Канческа со информација до Владата за обнова на „Трескавец“

0
By Нова ТВ on February 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска денеска треба да достави информација до Владата на Република Македонија за состојбата со манастирот „Трескавец“ по големиот пожар што вчера го зафати комплексот во кој изгореа конаците.

Таа синоќа во Прилеп изјави дека ќе се изработи Акциски план за брза санација и реконструкција на опожарениот дел, како и проект за обнова на манастирот „Трескавец“, а преку надлежните институции веднаш ќе се пристапи кон брза санација и реконструкција на конаците.

Последиците од пожарот емотивно ги доживea владиката Климент кој рече дека и пожарот пред 23 години бил ист.

Владиката Климент вели дека првично пожарот почнал од гостинска соба и се ширел кон монашкиот конак, а во моментот на избувнувањето во манастирот биле искушеникот Калист и еден гостин.

Општина Прилеп за денеска закажа вонредни седници на Општинскиот и на Економскиот совет.

Ова е трет катастрофален пожар што го зафатил манастирот во минатото. Последниот се случи пред 23 години, односно на 9 јануари 1990 година кога целосно изгореа конаците.

„Трескавец“ е еден од најголемите манастирски комплекси во Македонија и светски познат споменик на културата.

Сместен е на десетина километри од Прилеп, на падините под Златоврв. Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата Успение Богородичино. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, со прекрасна глетка на околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, како и над Пелагонија.

Се верува дека е изграден во XII век, односно XIII век. Неговата разновидна архитектура укажува на разни обновувања и уривања. Во црквата се зачувани значајни византиски фрески.

Во манастирот често доаѓаат туристи и планинари. Најпосетуван е за празникот Богородица – 28 август. Тогаш во манастирот се собираат голем број Варошани и Прилепчани да го означат овој свет ден.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.