Вознемирувачки видео снимки објавија денеска грчките медиуми на кои се гледа пустошот што го оставија пожарите кои го зафатија грчкиот остров Евија. Населбите на островот се опкружени со оган, пишува Екатимерини, додавајќи дека ситуацијата на јужниот дел на островот е и понатаму мирна.
Пожарникарите веќе седми ден се борат со катастрофалниот пожар кој досега изгоре повеќе од половина милион хектари земјиште и уништи илјадници објекти.
Во гаснењето на пожарите помагаат и 200 пожарникари од Украина и Романија. Грчките медиуми видеото го опишаа како приказ на „библиско уништување“.