Пожар избувна попладнево во скопското село Побожје во општина Чучер Сандево.
Противпожарни екипи се на терен, а во пожарот зафатени се куќи кои се лепенки. Дополнителен проблем на пожарникарите прави недостатокот на вода во селото.
Од Центарот за управување со кризи денеска на прес конференција потврдија дека активен пожар има и во скопското село Побожје, општина Чучер Сандево.
Запалени биле три куќи, а на терен е противпожарната бригада на Град Скопје.
Според последните информации од Противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот бил ставен под контрола.