Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Мал е бројот на заразени помеѓу вакцинираните граѓани

0
By НОВА ТВ Balaban on August 14, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 14, 2021 14:01

Од вкупно 3497 пациенти коишто се дијагностицирани изминатите 7 дена, 3047 се невакцинирани, што значи само 10% се вакцинирани и се позитивни и тие коишто се во болница и на лекување имаат прилично стабилна состојба, вели Филипче

Бројот на новодијагностицирани случаи во последните денови во државата нагло расте. Според динамиката со којашто бројот се зголемува пред нас се неколку денови или недели во коишто ситуацијата може да биде навистина критична, изјави денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче за време на посетата на Болницата во Охрид.

Според анализата, зголемен е бројот на новодијагностицирани пациенти и пациенти за хоспитализација особено во градовите кадешто е најмал опфатот на вакцинирани граѓани, односно во Тетово, Гостивар, Кичево и Куманово кадешто околу 20-23% е опфатот на вакцинирани граѓани. За разлика од Охрид, кадешто има скоро 50% опфат со вакцинација, во моментов има помалку од 10 пациенти коишто се хоспитализирани. Според директорите на Клиниките во градовите кадешто е голем опфатот на вакцинирани граѓани, констатациите се дека е мал бројот на пациенти коишто се јавуваат на преглед и коишто имаат индикација за тестирање, информираат од Министерството за здравство.

Од вкупно 3497 пациенти коишто се дијагностицирани изминатите 7 дена, 3047 се невакцинирани, што значи само 10% се вакцинирани и се позитивни и тие коишто се во болница и на лекување имаат прилично стабилна состојба. Она што охрабрува е дека вкупниот број на вакцинирани во нашата држава, околу 400.000 ревакцинирани од околу 500.000 со прва доза, само 0.002 % се заразиле, што укажува на тоа дека само вакцинираните граѓани и таа популација е прилично сигурна и обезбедена. Тоа е доказ дека вакцината е безбедна, тие граѓани немаат никакви компликации, дека е ефикасна очигледно, еве сега доказ дека е ефективна. Во однос на вакцинацијата таа и натаму добро се одвива во сите градови, верувам дека опфатот и понатаму ќе расте, одличен е одзивот за најавата на новите мерки коишто почнуваат од 16 август, околу 8000 граѓани во просек на ден се јавуваат да примат прва доза на вакцина, јас верувам дека ако продолжиме со таа динамика за прилично некое кратко разумно време значајно ќе се зголеми опфатот со вакцинација. – кажа министерот Филипче.

Инфективната клиника е пополнета со пациенти којашто пред извесен период го подготви вториот спрат за прием на пациенти од критичните градови. Во КИБФС се третираат и пациенти дијагностицирани во градот Скопје. Инфективните одделенија се исполнуваат, се активираат останатите ковид центри, а системот, лекарите во тимовите за ротација, се спремни да го дочекаат притисокот и од овој бран.

вакцинирани Венко Филипче Заразени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.