НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талибанците го зазедоа и градот Мазар-и-Шариф и го затегнаа обрачот околу Кабул

0
By НОВА ТВ Balaban on August 15, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со повлекувањето на американските сили и сојузниците, талибанците напредуваат брзо веќе неколку недели.

Талибанците вчера го зазедоа градот Мазар-и-Шариф, последното упориште на авганистанската влада на север во државата и го затегнаа обрачот околу главниот град Кабул, соопштија официјални лица.

– Талибанците ја презедоа контролата врз градот Мазар-и-Шариф, изјави Афзал Хадид, шеф на советот на провинцијата Балк, додавајќи дека се чини дека градот паднал без борба. – Војниците ја оставиле својата опрема и се упатиле кон границата со Узбекистан, рече Хадид.

Со повлекувањето на американските сили и сојузниците, талибанците напредуваат брзо веќе неколку недели. Оваа радикална исламистичка група го окупираше поголемиот дел од Авганистан и се приближува до главниот град Кабул каде што десетици илјади луѓе од други делови на земјата најдоа засолниште.

Во меѓувреме, американските сили пристигнуваат во Кабул за да помогнат во евакуацијата на персоналот на амбасадата, а британските војници пристигнуваат во текот на викендов.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани повика на понатамошна мобилизација на вооружените сили и посочи дека во тек се „консултации“ за брзо изнаоѓање политичко решение што гарантира „мир и стабилност“ во Авганистан.

„Понатамошната мобилизација на нашите безбедносни и одбранбени сили е наш приоритет број еден и се преземаат сериозни мерки во овој поглед“, рече Гани во краткото телевизиско обраќање до нацијата.

зазедоа Мазар-и-Шариф Талибанците
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.