Досега 724 лица починале, а најмалку 2.800 се повредени во разорниот земјотрес што вчера се случи на Хаити, пренесува Гардијан. Стoтици лица се водат за исчезнати.
Во земјата е прогласена вонредна состојба.
Епицентарот на земјотресот бил на 160 километри од главниот град Порт-о-Пренс и на 10 км длабочина.
По земјотресот морето ги преплавило улиците во градот на Хаити, а на социјалните мрежи се објавуваат страотни слики од несреќата што вчера го снајде Хаити.
Земјотресот беше почувствуван насекаде низ Хаити, Јамајка и Доминиканска Република.
Во земјотресот во 2010 година на Хаити загинаа над 220.000 лица, а уште 300.000 беа повредени.
I