Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јули беше екстремно топол, со 15 тропски ноќи и највисока температура од 43,3 степени во Гевгелија на 29 јули

0
By НОВА ТВ Balaban on August 16, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 16, 2021 13:54

Во Скопје се регистрирани 15 тропски ноќи, со што е надминат максималниот историски број (24-часовен период во кој температура на воздухот не е пониска од 20 степени). Меѓу повисоките вредности се забележани во Гевгелија 21 и во Штип 9 тропски ноќи.

Многу топол до екстремно топол месец е генералната оценка за јули, кој се карактеризира со повисоки температури на воздухот и значително ниски количества на врнежи, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Највисока средна месечна температура е регистрирана во Гевгелија од 29,1 степен , а најниска во Лазарополе 17,5 степени.  Во Струмица, Скопје и Штип  се измерени 27 степени, во Тетово и Битола 25, во Прилеп 24, во Охрид и Крива Паланка 23, во Берово 21 и во Маврово 19 степени.

Според УХМР, споредено со многугодишните просечни вредности за јули за период 1981-2010, среднодневните температурите во јули 2021 се повисоки за еден до два степена.

Апсолутно највисоката температура на воздухот во земјава е измерена во Гевгелија на 29 јули – 43,3 степени, а апсолутно најниска во Лазарополе на 22 јули од 5,9 степени. Особено високи вредности на минималните температури се забележани во втората декада на јули. Апсолутните многугодишни екстремни вредности на температурата на воздухот не се надминати.

Од УХМР посочуваат дека кон крајот на јули нашата држава ја зафати топлотен бран што се почувствува на целата територија. Траењето на овој бран продолжи во почетокот на август и во просек изнесува 10-тина дена (од 26 јули до 5 август 2021). Кон средината на јули во Берово, како што се наведува, беше регистриран пократок топлотен бран во траење од шест 6 дена (12-17 јули 2021).

Во Скопје се регистрирани 15 тропски ноќи, со што е надминат максималниот историски број (24-часовен период во кој температура на воздухот не е пониска од 20 степени). Меѓу повисоките вредности се забележани во Гевгелија 21 и во Штип 9 тропски ноќи.

Јули е трет најтопол месец во историјата на мерењата во Демир Капија (од 1951г.). Гевгелија (од 1951г.) и во Скопје (од 1978г). Иако во Европа јули е рангиран како втор најтопол, а на глобално ниво трет најтопол месец, на сите останати мерни места во Република Северна Македонија температурата на воздухот во јули не е во првите пет најтопли години.

Измерените количествата врнежи во јули 2021 беа многу под просечните. Најголемо количество на врнежи во месецот е измерено во Лазарополе 83,9 милиметри, а најмало во Струмица 0,4 милиметри. Во Маврово се измерени 76,7 милиметри, во Охрид 44,2, во Битола 53,4, во Прилеп 37,8, Крива Паланка 34,6, во Скопје 31,4, во Берово 3,3, во Штип 2,6 и во Гевгелија 1,1 милиметри.

– Првата декада беше екстремно сушна, освен во западниот дел на Републиката, каде што имаше нормални услови. Во втората декада нормални до екстремно влажни услови беа регистрирани во северозападниот дел, особено во планинските предели, додека во останатиот југоисточниот дел врнежите беа незначителни. Третата декада беше екстремно сушна на поголем дел од територијата. Споредено со многугодишните просечни вредности, измерените месечни суми на врнежи на сите мерни места се под просечните количества и тоа за два до три пати, а во југоисточниот дел врнежите беа незначителни, стои во соопштението од УХМР.

 

екстремно топол Јули температура УХМР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.