Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕМА одлучува дали да дозволи трета доза од антиковид вакцината

0
By Biljana on August 17, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 17, 2021 18:15

ЕМА е свесна дека многу европски земји размислуваат да дадат дополнителни дози на населението кое е веќе имунизирано.

Европската медицинска агенција (ЕМА) денеска соопшти дека ќе одлучи дали ќе биде потребна трета доза на антиковид вакцината, бидејќи американските регулаторни тела размислуваат за дополнителни дози.

ЕМА изјави дека е во контакт со производителите на вакцини за да го координираат доставувањето на потребните податоци и дека е свесна дека многу европски земји размислуваат да дадат дополнителни дози на населението кое е веќе имунизирано.

„Во оваа фаза, ЕМА се уште не утврди дали и кога ќе биде потребна дополнителна доза на вакцина против Ковид-19“, соопшти агенцијата во електронска пошта.

„Во следните неколку недели се очекуваат дополнителни податоци од компаниите што ги произведуваат вакцините, а ЕМА ќе ги разгледа информациите за производот врз основа на тоа“, се наведува во соопштението.

ЕМА додаде дека веќе работи со другите европски здравствени претставници и национални групи за имунизација, во случај да бидат потребни дополнителни дози.

Оттаму додаваат дека во моментов се чека оценката на конкретните податоци за ефикасноста на вакцините во Европа и другите региони. Земјите, вклучувајќи ги Израел и Франција, неодамна почнаа да даваат трета „бустер“ доза за некои лица чиј имунитет можеби е намален.

Светската здравствена организација ги повика богатите земји да почекаат со давањето на третата доза се додека не се вакцинира се уште невакцинираната популација, претежно во посиромашните земји.

ЕМА ковид вакцина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.