Освен 19-годишната девојка, починати се и лица на возраст од 43, 57, 51, 67, 73 и 76 години.
Седум починати како последица од ковид-19 во претходните 24 часа бележи ковид-центарот во Клиничката болница во Тетово, а меѓу нив најмлада е 19-годишна девојка, информираше денеска координаторот на центарот, д-р Гзим Нуредини.
Освен 19-годишната девојка, починати се и лица на возраст од 43, 57, 51, 67, 73 и 76 години.
Д-р Нуредини предупреди дека ќе продолжи трендот на пораст на бројот на хоспитализирани и починати, со оглед на зголемениот број на амбулатнски прегледи од над 200 на ден.
– Сето тоа говори дека не сме блиску до пикот на болеста, која ќе трае и во нареднив период. Затоа, потребна е голема претпазливост, особено кај младите кои воопшто не ги почитуваат здравствените протоколи и мерки – нагласува д-р Нуредини.