НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Западен Балкан е најзагрозен од климатските промени потребна е Зелена агенда

0
By Biljana on August 18, 2021 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преминувањето кон циркуларна економија е многу важна за зелената транзиција. 

Со потпишувањето на Декларацијата за Зелена агенда, земјите од Западен Балкан се обврзаа на Самитот во Софија на 10-ти ноември 2020 година дека ќе спроведуваат мерки во областа на спречување на климатските промени и загадувањето, развојот на енергија, сообраќајот и циркуларната економија, како и развојот на биодиверзитетот, одржливото земјоделство и производството на храна.

„Западниот Балкан е многу погоден од климатските промени, а тоа значи намалување на емисиите на стакленички гасови и зголемување на отпорноста на влијанието на климатските промени. Владите од овие региони ќе бидат поддржани во согласност со новото европско законодавство ќе мора да дејствуваат во правец на намалување на емисиите на CO2 по пат на квоти и секако мора да бидат спроведени механизми за одредување на цената на јагленот. Поради исклучително високата зависност од јагленот во Западен Балкан, па и во С. Македонија, транзицијата кон чисти и обновливи извори на енергија е неопходна. ЕУ ќе поттикнува и модели на транспорт коишто во помала мера ја загадуваат животната средина, како што е случајот со железничкиот транспорт“, велат од Еко-свест.

Според нив преминувањето кон циркуларна економија е многу важна за зелената транзиција на овој начин ЕУ ќе го поддржи Западниот Балкан во развој на стратегија за подобрување на одржливото производство на суровини, спречување, намалување, рециклирање и управување со отпадот, земајќи го во предвид целокупниот животен циклус на производите. Исто така, финансиски ќе биде поддржан развојот на регионалниот договор во спречување на загадувањето со пластика, особено морскиот отпад.

„Бидејќи загаденоста на воздухот на подрачјето на Западен Балкан е премногу висока и можеби на највисокото место во Европа, ЕУ ќе пружи помош за регионот во ускладување со стандардите на ЕУ кога се во прашање квалитетот на воздухот и водите, како и управување со отпадните води бидејќи се повеќе е загрозено здравјето на луѓето“, додаваат од Еко-свест.

Она што е важно да се знае е дека земјоделството и сродните активности изнесуваат околу 10% од БДП на Западниот Балкан па затоа ЕУ ќе ја зголеми поддршката за одржливиот развој на руралните области, помагајќи ги земјоделско-прехранбените гранки со цел да се овозможи поголем квалитет и безбедноста на храната, намален отпад, унапредена усогласеност со стандардите на ЕУ во областите на безбедноста на храната и благосостојбата на животните и промовирање на еколошко прифатливо и органско производство. ЕУ ќе пружи поддршка за регионот во развој и имплементација на Акциониот план за биодиверзитет на Западниот Балкан, како и на Планот за реставрација на шумскиот потенцијал.

На споменатиот Самит во Софија којшто ги собра највисоките државни претставници, покрај Декларацијата за Зелена агенда потпишана е и Декларација на лидерите на Западен Балкан во врска со заедничкиот регионален пазар, којашто треба да придонесе за економскиот раст, но и еколошкиот развој на регионот, а ова е нова стратегија за раст којшто преоѓа од традиционалниот модел на одржлива економија во согласност со Европскиот зелен план.

Еко-Свест го спроведува проектот „GEAR – Green Economy for Advanced Region“ финансиран од Европската Унија во рамки на Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми зa 2016-2017.

климатски промени стакленички гасови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.