Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, денеска во Берлин разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел за актуелните политички случувања во БиХ.
– Меркел изрази целосна поддршка од Федералната влада за извршување на важната меѓународна функција на високиот претставник за Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на Високиот претставник (ОХР).
За време на разговорите фокус е ставен на реформите кои се потребни за напредок на БиХ во рамки на процесот на евроинтеграции.
– Високиот претставник Шмит ја искористи можноста да и се заблагодари на канцеларката Меркел за силната поддршка на германската Влада за неговиот мандат, се додава во соопштението.