НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНИЦЕФ ја поздравува одлуката за отворање на училиштата во септември

0
By Ivana on August 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

УНИЦЕФ ја поздравува одлуката на Владата за отворање на училиштата за сите деца во септември. Ова, според нив, особено охрабрува, бидејќи Македонија го забележа најдолгото затворање на училиштата за учење со физичко присуство, при што мнозинството ученици посетуваа настава на далечина вкупно 54 недели, додавајќи дека оваа бројка е значително повисока од просекот од 25 недели во регионот на Европа и Централна Азија.

– Сфаќаме дека одлуките за отворање на училиштата се разгледуваат во контекст на епидемиолошката состојба со КОВИД-19 и на нашето сѐ поголемо разбирање на ризиците што ги носат новите варијанти на вирусот, но, училиштата секогаш мора последни да се затворат и први да се отворат, кога тоа е безбедно, велат од таму.

Со неизвесноста на почетокот од пандемијата, како што додаваат, преминот кон настава од далечина беше неопходен, но замислен како краткорочна мерка, а не замена за учењето со физичко присуство. Владите низ светот многу често ги затвораа училиштата за настава со физичко присуство во подолг период. Затворањето на училиштата често се применуваше како прва, а не како последна мерка. Во многу случаи, училиштата беа затворени, а баровите и рестораните остануваа отворени.

– Од нашето истражување со раководителите на училиштата, наставниците и родителите во Северна Македонија, знаеме дека, иако образованието од далечина помогнало децата да продолжат да учат, над половина од наставниците забележале пораст во бројот на ученици кои имале тешкотии или не успевале да го усвојат наставниот материјал поради наставата од далечина. Исто така, повеќето наставници известуваат дека во одредени моменти од наставата на далечина, не можеле да контактираат со некои ученици, се вели во соопштението.

Освен тоа, пред пандемијата на КОВИД-19, Северна Македонија веќе се соочуваше со образовна криза. Иако дава надеж тоа што земјата покажа подобрување при последните резултати од ПИСА, над половина од сите петнаесетгодишници во земјата не ги достигнале основните нивоа на знаење по читање и математика. Секое континуирано нарушување на образованието може да ги поништи овие придобивки.

Со соодветни засилени превентивни мерки во училиштата и навремено откривање и изолација на случаите и на нивните контакти, ризикот од пренос на КОВИД-19 во училиштата може да се контролира.

Во земјава, училиштата што се отворија во учебната 2020/2021 година докажаа дека навистина имаат капацитет да ги следат протоколите за безбедност од КОВИД-19. Исто така, ветува и процентот на вакцинирани вработени во училиштата – околу 62 проценти – кој продолжува да расте.

Затоа, заедницата треба да го поддржи безбедното отворање на училиштата, а доколку ситуацијата се промени, затворањето на училиштата треба да се разгледа само како последна можност, кога нема други алтернативи.

Отворањето и држењето на училиштата отворени бара колективен напор за тие да останат безбедна средина за учење. Сега, повеќе од кога било, на училиштата им се потребни ресурси и капацитети за да го надоместат изгубеното во наставата и менталната благосостојба. Образованието треба да ни стане приоритет и треба да изградиме национална солидарност околу клучните реформи, за секое дете да биде на училиште и да учи.

УНИЦЕФ училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.