НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Шахпаска: Лицата со оштетен вид имаат сериозни придобивки од аудио читачот „Кико“

0
By Mirjana on August 20, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со членовите на „Сојузот на Слепи лица“ на која станало збор за ефектите од аудио читачот „Кико“. Притоа било речено дека „Кико“ е добра апликација која навистина им помага во нивното секојдневно работење.

Целта на социјалната реформа е на лицата со попреченост да им овозможи независен живот, движење во средината, дружење, учество во професионални ангажмани, посетување на образовни институциите.

„После само еден месец откако Аудио читачот е достапен, лицата со оштетен вид имаат серозни придобивки. Претставниците на Сојузот на слепи ми посочија дека аудио читачот е добра алатка бидејќи генерира природен разбирлив глас на македонски јазик. Им овозможува да имаат пристап до сè што претставува секојдневна комуникација, од социјалните мрежи па се до препознавање на бои и организација во движењето. Ние како МТСП и понатаму продолжуваме да работиме за олеснување на секојдневието на лицата со попреченост“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Претседателот на Сојузот на слепи Жарко Селковски, рече дека дигиталната алатка е од големо значење за слепите лица.

„За еден месец колку што го имаме аудио читачот не само што го користат голем број наши членови туку го користат и лица со оштетен вид од околните земји, Србија, Хрватска и Бугарија.“, рече Жарко Селковски.

Членката на Сојузот на слепи лица Анита Георгиевска рече дека е задоволна што слепите лица конечно имаат говорен програм на свој мајчин јазик.

„Се надевам дека што повеќе луѓе ќе дознаат за овој говорен програм, ќе го користат и ќе бидат задоволни исто како што сме ние“, рече Георгиевска.

Беира Селифовска, од Сојузот на слепи рече дека сега повеќе нема да мораат да пребаруваат по програмите од соседните држави.

„Не само целосно слепите лица туку бенефит ќе имаат и слабовидните лица. Сега со аудио читачот и на овие луѓе им е полесно да читаат и големи текстови“, рече Селифоска.

Апликацијата „Кико“ е целосно бесплатна, и е достапна за сите лица со слаб, оштетен и целосно изгубен вид.

Изработена е во соработка со УНДП, а во финална фаза е албанската верзија на аудио читачот „Хана“. На средбата се разговараше и за паричните права наменети за лицата со посебни потреби, за придобивките од намалување на возрасната граница за лична асистенција од 18 на 6 години.

Министерката Шахпаска упати и апел до лицата со попречености да пристапат кон процесот на вакцинација.

„Кико“ апликација шахпаска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.