НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Феноменот „Бача бази“: Момчиња кои како играчки се купувани од богаташи во Авганистан

0
By Sashko on August 22, 2021 СВЕТ
Фото: youtube/printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бача Бази, термин што буквално значи „игра со деца“ на јазикот дари, еден од официјалните во Авганистан, е драматичен феномен што ги погодува момчињата на возраст од 7 до 18 години кои ги облекуваат во женска облека и од нив се бара да играат пред богатите луѓе кои ги купуваат или киднапираат со цел да станат нивни „предмет“ за сексуално вознемирување.

Родени во сиромашни семејства, облечени и нашминкани како жени, тие се принудени да танцуваат до крајот на детството за да ги забавуваат богатите возрасни луѓе кои ги дрогираат и силуваат. За жал, момчињата кои трпат ваков најлош вид на физичка и ментална злоупотреба, сè нешто што постои во оваа земја од антички времиња, а често се премолчува денес, додека жителите во земјата „вртат глава од проблемот“, бидејќи тоа е прифатено како „вообичаено и нормално“. 

Толерираната педофилијата, што официјално е нелегална во Авганистан, за првпат беше прикажана пред светот во 2010 година преку документарниот филм „Момчето што танцува во Авганистан“ на Наџибула Кураиши, авганистански режисер и новинар. Тој ја прикажа грозоморната реалност на деца кои не можат да се побунат или да се ослободат, бидејќи доколку ги пријават силувачите и самите ќе бидат осудени на смрт, затоа што се занимаваат со проституција и затоа што се хомосексуалци, додека богатите лесно ќе излезат од целата ситуација.

https://www.youtube.com/watch?reload=9&time_continue=1&v=yWnkUBmtI70&feature=emb_logo

За жал, голем број на авганистански полицајци и војници, исто така, се вмешани во оваа ужасна реалност и за нив поседувањето на „харемот“ на Бача Бази е знак на моќ, богатство и влијание.

„Жените се создадени да раѓаат деца, момчињата за задоволство”, е антички израз што се користи во таа земја.

Момчињата најчесто се киднапирани на улица или се продаваат од семејство што за возврат добива пари, храна или земја, а богатите ги третираат како играчки што ги шминкаат, облекуваат во женска облека, ги дрогираат со опијати и ги гледаат како играат, ги бакнуваат во уста пред другите набудувачи и на крајот ги силуваат. Според извештај на Авганистанската независна комисија за човекови права (AIHRC), момчињата често се претепувани, а во некои случаи и подлегнуваат на повредите. 

Американците свртија глава

За време на граѓанската војна меѓу авганистанците и талибанците, Бача Бази беа забранети, бидејќи таквиот феномен е спротивен на шеријатскиот закон. Од 1993 година до американската инвазија врз таа земја во 2001 година, пишуваат италијанските медиуми, оваа практика била казнувана со смрт, но била вратена по падот на талибанците во 2002 година, кога забраната повеќе не постоела.

Од тој момент, Бача бази не беа малтретирани само од богатите и оние кои што учествуваа во воените активности, туку и од авганистанската полиција, која не само што примала огромни суми на пари како мито, туку и учествуваше во силувања. Како и тие, така и министрите и судиите „замижуваа“, бидејќи всушност самите учествуваа во сe. 

„Њујорк тајмс“, исто така, пишува за тоа дека на американските војници им било наредено да не реагираат во тие ситуации, а некои од нив за весникот рекле дека во текот на ноќите ги слушале ужасните крици на момчиња, но не можат да сторат ништо бидејќи не им било дозволено. Нивните претпоставени им говореле дека мора да ја свртат главата на другата страна, бидејќи тоа е културата на Авганистанците.

Во текст што беше објавен во 2015 година, весник, исто така, пишуваше дека американскиот капетан на специјалните сили, Ден Квин, изјавил оти тие дошле таму затоа што им било кажано дека Талибанците прават ужасни работи, но „ние ставивме луѓе на власт кои се уште полоши отколку талибанците и кои прават уште пострашни работи“.

Па така, сите овие години, авганистанската влада не можеше или не сакаше да застане на пат на овој проблем што е тешко да се искорени поради неговата распространетост и корупција. Од 2017 година, авганистанскиот кривичен закон ја смета практиката на Бача бази како незаконска и ги казнува сторителите со седум години затвор или со смртна казна. Но, правниот систем е слаб, корупцијата е екстремно распространета, а илјадници деца се излезени на улица да питачат или бараат начин да преживеат.

Овие момчиња се ослободуваат на 18 години, но никој и ништо не може да го избрише хоророт што го носат во душата и лузните по нивните тела по долгогодишно силување од педофили и хомосексуалци. Денес, кога Кабул е во рацете на талибанците, се поставува прашањето што ќе се случи со тие момчиња и какво сценарио ги чека сега, имајќи предвид дека ова е практика која не е искоренета, без оглед во чии раце беше Авганистан.

„Бача бази“ Авганистан Богаташи Свет феномен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.