Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Германија од денеска важи правилото „3G“ – без тест или сертификат ни во кафеана, ниту во кино

0
By НОВА ТВ Balaban on August 23, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 23, 2021 11:24

Правилото е наречено „3G“ бидејќи на германски сите три збора – вакцинирани, тестирани и излекувани – почнуваат со буквата „g“ (geimpft, getestet, genesen)

Сојузната држава и сите 16 германски покраини донесоа заедничка одлука од денеска граѓаните да не можат да одат во кафеана или кино доколку немаат доказ за вакцинација, негативен тест или прележан ковид.

Според договорот меѓу сојузната држава и покраините, овие правила се однесуваат на клиниките, домовите за стари лица, спортските сали, базени, фризери, хотели, ресторани и разни настани, пишува Дојче веле.

Правилото е наречено „3G“ бидејќи на германски сите три збора – вакцинирани, тестирани и излекувани – почнуваат со буквата „g“ (geimpft, getestet, genesen).

Во саботата инциденцата за последните седум дена, или бројот на новозаболени случаи на 100.000 жители, за првпат од мај надмина 50. Најголем скок во бројот на новозаразени е регистриран  во Северна Рајна -Вестфалија – 99,2 нови случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последните седум дена, додека во главниот град Берлин оваа бројка е 67,3.

Од утринава просекот за цела Германија скокна на 56,4. Расте и бројот на пациенти со Ковид-19, кои треба да се згрижат во болница. Во овој најнов бран особено се погодени лицата на возраст меѓу 35 и 59 години, а речиси сите нови инфекции се предизвикани од позаразниот делта сој на вирусот.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ја отфрли можноста луѓето кои целосно заздравеле од болеста или се вакцинирале во иднина да бидат ограничени во контактите со други лица или за излегување надвор. Тој додаде дека целта е есента и зимата да се поминат без дополнителни мерки, со помош на почитување на познатите правила за престој во јавен простор – дистанца, хигиена и маски – како и со помош на правилата „3G“ во затворени простории, и на крај со лозинката „Вакцинација, вакцинација, вакцинација“.

Правилото „3G“ предизвика незадоволство кај угостителите и хотелиерите, кои веруваат дека тоа ќе доведе до намалување на приходите.

Германија кафеана кино правилото „3G“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.