Казните се изречени за само три часа.
Министерството за внатрешни работи евидентира 261 прекршок во сообраќајните контроли што ги спроведе денеска во периодот од 06 до 09 часот на територијата на државава.
Од вкупно санкционираните, 18 се за возилa кои се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 120 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 141 надвор од населено место. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел овозможување побезбедни патишта.